Втор ден Авто Плус Street Show

85

По успешниот прв ден, денес продолжува најголемиот авто-мото настан во нашата земја – Авто Плус Street Show 2021

Вториот ден од Авто Плус Street Show 2021 започна. Со уште подобри временски услови во однос на вчера и уште повеќе посетители, најголемиот авто-мото настан во нашата земја продолжува со полна пареа. Денес на програмата се нови премиери и презентации, па така пред публиката беа претставени новите Dacia Duster, целосно електричниот Seres 3, Audi A3, новиот Porsche Macan и камп-приколката на Caretta, а како изненадување имаше презентација и на еден тјуниран автомобил.

Премиерите стартуваа во 12 часот, но сите оние кои се заинтересирани ќе можат да се запознаат подобро со сите нови автомобили, како и четирицикли, АТВ модели, мотоцикли, целосно електрични скутери и мотори, на штандовите на Авто Плус Street Show 2021. Настанот се одржува на големиот паркинг на СЦ Борис Трајковски и ќе трае до 20 часот вечерва.

Повелете и посетете не, понесете со вас добро расположение и желба за дружба, а ние ви ветуваме дека ќе си поминете одлично. Посетете го Авто Плус Street Show кој е најголемиот авто-мото настан во нашата земја и е еден иновативен начин за промоција на нови модели на македонскиот пазар. За да останете будни тука се момците од Вело Кафе, а за храната ќе се погрижат момците на штандот на Тото. Денес е последен ден, затоа не се двоумете и посетете не. Ве очекуваме.

Прземено од Avtoplus.mk