На вчерашната седма седница општина Василево со донесување на урбанистичкиот план за вон населено место, се заокружи законската постапка за отворање на втората стопанска зона во оваа општина.
Како што изјави градоначалникот Ване Стојанов, во новиот стопански комплекст ќе се врши откуп, складирање и дистрибуција на земјоделски производи.
“Општина Василево продолжува со создавање услови за побрз стопански развој. Новата стопанска зона е на локацијата Гладно поле со вкупна површина од 6,7 хектари и истата е поделена на три градежни парцели, на 4,4 хектари, а преостаниот дел ќе биде за потребната инфраструктура и планираниот зелен појас околу зоната“, рече градоначалникот Стојанов.
Новата стопанска зона Гладно поле е покрај локалниот пат за Добрашинци и директно е поврзана со магистралниот пат М-6.