Втората по големина германска банка го намалува бројот на вработени во раководството за 30 отсто

75

Извршниот директор на Комерцбанк, Манфред Кноф, најави намалување на вработените на раководните позиции, во втората по големина германска банка на берзата, за околу 30 отсто, како дел од неговите планови за нов тек на деловното работење.

Целта на Кноф е поврзана со договорот со работничкиот совет на компанијата за тоа како да се спроведат кратењата на работните места кои првпат беа објавени во февруари, се наведува во соопштението во петокот, пишува Блумберг.

Кноф се приклучи на Комерцбанк во јануари и ја претстави сеопфатната стратегија за реструктуирање на банките околу еден месец подоцна, фокусирана на драстично намалување на трошоците што вклучува кратење на околу 10.000 работни места. 

Комерцбанк се обидува да ги укине повеќето, ако не и сите, работни места преку доброволна согласност, како што се договорите за предвремено пензионирање и отпремнина.

„На нашите вработени им нудиме широк спектар на инструменти погодни за фазата од животот во која се наоѓаат. Ние сме на добар пат да го намалиме бројот на вработени што е можно повеќе на општествено одговорен начин“, се вели во соопштението на шефот на човечки ресурси Сабине Шмитрот.