Вучиќ: На секој полнолетен граѓанин размислуваме да подариме по 100 евра

28

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги претстави економските мерки за помош на Србија и економијата во надминување на коронавирусот.

“Имаме пари за економијата, а имаме и за нешто друго. Размислуваме да дадеме помош по 100 евра на секој возрасен граѓанин на Србија. Без оглед дали е вработен, невработен, пензионер. Тоа е околу 520 милиони евра“ вели претседателот на Србија.

Порача дека ќе  им се помогне на претприемачите да преживеат, но само оние кои не отпуштиле над 10% од работниците, ќе можат да сметаат на тоа.

“Сите претприемачи, микро и мали бизниси, за три месеци, дури и ако кризата околу короната и не трае три месеци, ќе им платиме минималец“, најави синоќа Вучиќ и истакна дека тоа државата ќе ја чини 700 милиони евра.

На секој фризер, чевлар, пекар…, на сите вработени во нивните компании, ќе платат минимална плата. Фризерот не може сега да заработи пари, но ќе има да плати минималец и за себе и за неговиот вработен, рече Вучиќ.

Фото:Pixabay