Walabot – уред што ја скенира внатрешноста на ѕидовите

54

walbot-youtube

Фото: Youtube

Walabot претставува додаток за мобилен телефон што може да детектира арматура, цевки и други критични места што може да се најдат во внатрешноста на ѕидовите, пишува Arch Daily.

Со помош на посебна камера, Walabot ја регистрира положбата на арматурата, цевките и жиците на длабочина од 10 сантиметри во ѕидот. За да може корисникот без никаков проблем да врши градежни работи, неопходно е Walabot преку USB приклучок да го поврзе на својот телефон и да ја има неговата апликација.

Зад овој уред стои израелската компанија Vayyar Imaging којашто нуди уреди што скенираат различни предмети. Најголема корист од Walabot имаат градежници и други професионалци кои ќе може да добијат детални информации за тоа што се “крие“ во внатрешноста на ѕидовите.