Wall Street: Нов рекорд на Dow Jones и S&P 500

25

Во понеделникот на Wall Street, индексот Dow Jones и S&P 500 достигнаа нови рекордни нивоа бидејќи инвеститорите се надеваат на забрзано економското закрепнување, благодарение на новите стимулативни мерки и масовната вакцинација во САД.

Dow Jones зајакна 174 поени или 0,53%, на 32.953 поени, додека S&P 500 порасна 0,65%, на 3.968 поени, а индексот Nasdaq порасна 1,05%, на 13.459 поени.

Најголемата берза во светот е оптимист во врска со економското закрепнување, откако минатата недела Конгресот го одобри новиот пакет фискален стимул вреден 1,9 трилиони долари. Овие стимулации ја поддржуваат потрошувачката на населението, индустриите најпогодени од корона кризата, а големи средства се наменети за забрзување на процесот на вакцинирање на населението од Ковид-19.

Фото: Pixabay