Wall Street од почетокот на пандемијата доби 56 нови милијардери

50

За огромен број луѓе ширум светот, минатата година беше поразителна. Можеби најбурно беше во САД. Тие доживеаја силна здравствена и економска криза. Милиони луѓе останаа без работа со месеци, некои компании мораа да го стават клучот на бизнисот дури и откако им беше дозволено повторно да работат, но истата година – 2020 година беше плодна за Wall Street.

САД од средината на март до 22 декември добиле 56 нови милијардери, вкупно 659, а нивното богатство е зголемено за повеќе од еден трилион долари од почетокот на пандемијата, покажува извештајот на Институтот за политички студии и Американците за даночна правда.

Извештајот составен од податоците што ги собрал Forbes покажува дека милијардерите поседуваат богатство од околу четири трилиони долари.

Извештајот покажува дека десетте најбогати милијардери заедно имаат повеќе од трилион долари. Меѓу новите милијардери се познати имиња како Џеф Безос, Илон Маск, Бил Гејтс, Канје Вест и Тајлер Пери. Сепак, тие се исклучоци, а повеќето од новите милијардери се луѓе чие богатство е поддржано од берзански бизнис. Меѓу нив е и Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос, чие богатство од ден на ден се зголемува благодарение на берзата.

Клучен двигател на зголемувањето на нивното богатство беше невидениот одговор на монетарната политика на стабилизацијата на финансиските пазари во раните денови на пандемијата, што поттикна раст на берзата. Кога Wall Street се најде на работ на паника во март, Федералните резерви интервенираа ветувајќи ниски стапки и одржувајќи ликвидност.

Комбинацијата на “лесни“ пари и ненадејната промена во економската активност, кои ги фаворизираа дигиталната трговија, комуникациите, образованието и бизнисот, им дадоа неочекуван ветер во грбот на технолошките компании – старт – ап компании и големи компании.

Фото: Facebook