Wall Street падна

118

На Wall Street, берзанските индекси паднаа во понеделникот, по нестабилното тргување, бидејќи инвеститорите се нервозни пред почетокот на сезоната на објавување деловни извештаи на компании за третиот квартал.

Dow Jones се лизна за 250 поени или 0,72 отсто, на 34.496 поени, додека S&P 500 падна за 0,69 отсто, на 4.361 поен, а индексот Nasdaq 0,64 отсто, на 14.486 поени. На самиот почеток на тргувањето, овие индекси пораснаа, но во вториот дел од тргувањето тие ги загубија тие добивки и го завршија тргувањето во минус. Инвеститорите се претпазливи пред сезоната на објавување квартални деловни резултати на компаниите, која започнува во среда со објавување на финансискиот извештај на банката JPMorgan.

Аналитичарите во анкетата на Ројтерс проценуваат дека приходите на компаниите и банките од индексот S&P 500 пораснале за 29,6 проценти во третиот квартал во споредба со истиот период минатата година. Тоа треба да биде уште еден силен квартал во однос на заработката, но инвеститорите стравуваат дека повисоката инфлација, високите цени на енергијата и нарушувањата во синџирите на снабдување ги зголемија оперативните трошоци и негативно влијаеа врз перформансите на компаниите.

“Пазарот е претпазлив кога ќе влезе во сезоната на деловни резултати. Прекините во синџирот на снабдување би можеле да влијаат на приходите на многу компании и одредени индустрии повеќе од другите”, вели Тим Гриски, стратег во Inverness Counsel.