Walmart ќе испорачува храна до фрижидерите на купувачите

52

Walmart ќе започне да врши испорака до домовите на купувачите, односно директно до фрижидерите во кујната. Од оваа есен околу еден милион луѓе од три градови во САД ќе имаат пристап до новата домашна испорака на продажниот гигант.

Со ова, Walmart сака да му конкурира на Amazon, со којшто е во постојана битка за што побрза испорака на производи, пишува CNBC.

Купувачите кои ќе сакаат да ја користат оваа услуга, ќе мора да им дозволат на вработените во Walmart да инсталираат паметен катанец на влезната врата од домот или гаражата. Потоа, ќе треба да нарачаат онлајн преку мобилната апликација на компанијата и да одберат InHome Delivery заедно со одреден датум за испорака.

Нарачките ќе пристигнат директно во кујната или во гаражата на барање на купувачот. Вработениот кој ќе ја врши испораката ќе има и мини камера, за негово следење и ќе треба да го внесе еднократниот код за да отклучи во домот на клиентот. Од Walmart велат дека овие вработени ќе поминат интензивен курс, а за работата ќе се одбираат само оние кои се дел од компанијата минимум една година.

Фото: Pixabay