Фото: Facebook
Walmart започна да тестира услуги што значително ќе го намалат бројот на вработени во гигантот за малопродажба, пишува Engadget.
Првата услуга е личен шопинг асистент за оние со подлабок џеб, а доаѓа од Code Eight подружница на компанијата. Се работи за праќање на СМС пораки за добивање на препораки и правење на нарачки. Купувачот може да прати и фотографија од саканиот производ. Испораката на предмети за домаќинството се врши за 24 часа, а останатото во рок од два работни дена.
Другата услуга е од Store No. 8, што претставува инкубатор на Walmart. Наречена е Project Kepler, а ќе користи компјутерска визија и други технологии со цел да се елиминира потребата од касиери, слично на услугата Amazon Go. Малопродажниот гигант се одлучи на ваков подвиг за да биде во чекор со неговиот конкурент Amazon.