Walmart воведува шопинг во виртуелна соба

26

Walmart на својата веб страница најави нов начин на купување со којшто корисниците ќе можат да направат виртуелна шопинг тура низ стан којшто вклучува околу 70 намирници од палетата на продажниот ланец.

Различните производи од национални брендови и производите на Walmart се означени со жолта точка. Кога корисникот ќе помине со маусот над неа може да види за што станува збор, а линкот носи директно до страницата на производот.

Купувачите можат да ги истражат виртуелните соби на компјутер или да ги видат во VR на телефон, Google Cardboard или со Samsung Gear VR.

Новото искуство на виртуелна тура кое моментално Walmart го испробува веројатно не е единствениот VR  елемент што ќе го видиме од гигантот. Компанијата го купи VR стартапот Spatialand, фирма која веќе работеше со технолошкиот инкубатор Walmart store 8.