Warner Bros во Србија ќе снима пилот – епизода за серијата Krypton

2

snimanje-film

Американската компанија за производство и дистрибуција на филмови, Warner Bros, во Србија ќе снима пилот – епизода за серијата Krypton, за што ќе бидат потрошени 9,5 милиони долари, јавува РТС.

“Доколку помине пилот – епизодата, Warner Bros во Србија ќе потроши дури 100 милиони долари и уште два пати повеќе во ресторани, хотели, трговски центри“, вели Игор Турчиновиќ, директор на Pink Films International.

Во Србија во мај оваа година стапи на сила Уредбата за поддршка на аудио – визуелни дела, којашто предвидува даночни олеснувања за снимање филмови. Со оваа Уредба се изедначува српската и странската кинематографија, а се одобруваат субвенции и за снимање реклами.