Washington Post воведува задолжителна вакцинација за вработените

Американскиот дневен весник Washington Post ќе побара доказ од сите вработени дека биле вакцинирани против коронавирус.

Потврди ќе бидат побарани од 13 септември, кога е планирано новинарите да се вратат во редакцијата, соопштија за New York Times од Washington Post.

Сопственик на весникот е милијардерот Џеф Безос, а вработени се повеќе од 1.000 луѓе.
Во првата фаза од планот за враќање во редакцијата, вработените ќе доаѓаат трипати неделно во септември. Компаниите низ САД бараат начини да ги вратат вработените во своите канцеларии по 18 месеци работа од дома. Сепак, овој план може да биде одложен поради појавата на позаразниот делта сој.

Фото: Pixabay