Фото: Waterlily
Waterlily е мобилна турбина којашто може да се постави во вода или на ветровито место, по што ќе генерира енергија што е неопходна за да се наполни некој мобилен уред, пишува New Atlas.
Оваа иновативна турбина, којашто тежи околу 800 грама, има USB приклучок преку којшто може да се наполни мобилен телефон, додека корисникот е некаде во природа.
Waterlily може да генерира енергија кога силината на водата се движи меѓу еден и 11 километри на час, но пикот од 25 вати го постигнува кога брзината на водата е 7,2 километри на час. Кога турбината ја користи енергијата на ветрот, минималната брзина е 10,8 километри на час.
Доколку времето е мирно или корисникот во близина нема некоја проточна вода, во план е додавање на рачка со којашто ќе може да се генерира енергија.
Waterlily, којшто е уред на канадскиот старт – ап, може да се купи во препродажба по цена од 99 долари.