Компанијата EcoFloLife заедно со архитектот Џанкарло Зема по долги години истражување создадоа пловен еколошки дом, што користи сончева енергија и може да се постави на било која мирна водена површина. WaterNest 100 е 98% разградлива куќа, а располага со простор од 100 метри квадратни, дијаметар од 12 и висина од четири метри.
Балконите се поставени на страничните делови, внатрешноста се состои од дневна соба, трпезарија, спална соба, кујна и бања, а благодарение на огромните прозорци станарите ќе можат од секој агол да уживаат во погледот.
Ако корисникот одлучи да не го користи како дом, просторот може да биде канцеларија, бар, ресторан, продавница или место за изложби. Градбата е направена од рециклиран ламинат и алуминиум и има систем на природна микро-вентилација и клима.