Американската компанија Watson Rharmaceuticals го заврши спојувањето на шведската Actavis Group за 5,6 милијарди долари и очекува зголемување на профитот од 30% до 40% во текот на 2013 година.
“Со ова спојување е создадена третата најголема комбинирана генеричка фармацевтска компанија на светот со приходи за кои се предвидува дека ќе надминат осум милијарди долари во 2012 година”, стои во соопштението на Watson.
Во соопштението стои и дека годишните заштеди на оваа компанија по припојувањето на Actavis ќе бидат 300 милиони долари во наредните три години.
“Денес споивме две моќни, профитабилни и брзо растечки компании во една глобална компанија. Како резултат за забрзаното интеграционо планирање, истовремено ќе почнеме да остваруваме најголема можна корист од неверојатна финансиска и комерцијална вредност за оваа компанија”, изјави претседателот и генералниот директор на Watson, Пол Бисаро.
Watson работи во преку 60 земји и зазема 10 водечки позиции на преку 33 пазари, а по спојувањето на Actavis, скоро 40% од своите приходи ќе ги остварува надвор од САД.
Actavis Group брои 17.000 вработени.