Weekend Media Festival ќе открие кој е најдобриот ПР во хрватската политика

29

Кој во светот на политичкиот ПР е достапен, брз, елоквентен, конкретен и коректен, а кој не се јавува на телефон кога е битно, ќе биде познато на 12-от Weekend Media Festival, што оваа година се одржува од 19-ти до 22-ри септември во Ровињ.

Државните институции мора да бидат транспарентни во својата работа и на располагање за барањата на медиумите, но дали тоа е реалната ситуација во Хрватска? Лицата задолжени за комуникација со медиумите понекогаш исчезнуваат од радарот, особено во ситуации што се проблематични, а кои што во политиката не недостасуваат. Кој најдобро управува со комуникации, а кој се служи со манипулации?

На Weekend Media Festival оваа година за прв пат ќе биде прогласен најдобриот политички ПР. Во анкетата што Weekend ја организира во соработка со агенцијата Ipsos и ќе учествуваат новинари кои ја следат работата на тамошната влада, министерствата, собранието и канцеларијата на претседателот и ќе ги оценуваат ПР-те со кои најчесто соработуваат. Ќе бидат наведени најдобрите и најлошите практики со коишто се сретнале, да препознаат проблеми во однос на ПР-от и да ги наведат карактеристиките што почесто би сакале да ги видат кај колегите од другата страна на комуникацискиот канал.

“Квалитетната соработка на ПР-те и новинарите е исклучително важна за двете страни, а веројатно и со најголем предизвик кога се работи за политика. Целта на овој избор е да се истакнат најдобрите практики и да се укаже на подрачјата во коишто би можеле да бидеме уште подобри. Во анкетата ќе учествуваат политички новинари кои се во секојдневна комуникација со ПР-те од тој сектор, па сигурни сме дека пофалните зборови ќе бидат заслужени“, вели Никола Врдољак, директор за програма на фестивалот.

Резултатите од истражувањето ќе укажат на проблемите што се јавуваат во односот новинар – ПР за да може да им се унапреди соработката во иднина.

“Задоволство ни е да соработуваме во проекти чија цел е унапредување на целата комуникациска фела, истакнување на позитивни примери и наградување на најдобрите. Резултатите од истражувањето ќе покажат каде се наоѓаме денес и што треба да унапредиме за да ја оствариме конечната цел – навремено, точно и потполно  информирање на граѓаните“, вели Анте Шалиновиќ, директор за истражување на медиуми и огласување во Ipsos Adria.

Најголемиот регионален фестивал за комуникации, освен по интересните предавања и провокативни и конструктивни расправи за трендовите во медиумската индустрија, познат е и како место за добра забава. Овогодишниот 12-ти Weekend Media Festival носи внимателно осмислена музичка програма во духот на Вудсток.