WeLive го претстави првиот простор за заедничко живеење во Њујорк

29

welive

Американската компанија WeWork, којашто нуди заеднички простор за работа на претприемачи, фриленсери, сопственици на стартапи и мали бизнис, го претстави новиот концепт на простор за заедничко живеење во Њујорк.

welive 1

Овој простор е сместен во финансискиот дел на Њујорк и го носи името WeLive.

welive 2

Во зградата, во којашто четири ката се наменети за таканаречениот co-living space, се сместени 200 целосно уредени сместувачки единици, коишто ја имаат целокупната опрема за нормален заеднички живот на повеќе потстанари.

welive 3

“Овој концепт е уште еден ’слој’ од нашата платформа што се фокусира на тоа да им овозможи на луѓето да живеат поисполнет живот“, велат од WeLive за порталот Dezeen.

velive5

Мал апартман, една, две, три или четири спални соби… им стојат на располагање на потстанарите кои може да ги споделат или самостојно да ги користат, во зависност од тоа колку можат да платат.

welive 6

Кујните, просториите за дневен престој и бањите се во рамки на самите соби, додека поголемите заеднички простории можат да ги користат сите потстанари.