WEpod – првото самоуправувачко такси во Холандија

50

WEpod

Холандија ќе биде првата земја во светот каде што во сообраќај ќе бидат пуштени првите електрични роботизирани WEpod возила, пишува Slash gear.

Патниците, кои ќе патуваат со помош на овие возила, ќе можат да го резервираат самовозечкото такси возило со помош на посебна апликација за паметни уреди.

Меѓу градовите Еде и Вахенинген ќе се врши транспортот на патниците со овие самоуправувачки автомобили.

Иако досега беа дизајнирани вакви возила, она по што ќе се разликуваат WEpod автомобилите е тоа што тие ќе се движат по вообичаените патишта, заедно со другите учесници во сообраќајот.

Во тест периодот, WEpod нема да може да се користи во сообраќајните шпицови, ноќе и за време на лоши временски услови.

Движењето на овие возила и безбедноста на патниците ќе биде следен од страна на посебниот контролен центар.