Western Union заинтересиран за MoneyGram

53

Western Union планира да го преземе MoneyGram, по што од таа трансакција ќе се спојат двете најголеми американски компании што нудат трансфер на пари, пренесува Bloomberg.

Двете компании се конкуренти со години, но сега се соочуваат со предизвик поради појавата на голем број мали компании што вршат дигитален трансфер на пари.

MoneyGram забележа раст на вредноста за 74%. Акциите пораснаа за 6,2% на 2,59 долари со што пазарната вредност на компанијата достигна 164 милиони долари, а тука е и долгот од 878 милион долари. Western Union забележа раст на акциите за 3,5% на 20,71 долар и со тоа пазарната вредност на компанијата е околу 8,5 милијарди долари.

MoneyGram се соочи со големи потешкотии во текот на работењето поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. Од таа причина компанијата се префрли на дигитални трансакции поради што забележа скок од 18%.

Фото: Freepik