Wikipedia го доби првиот десктоп редизајн во последните 10 години

74

Wikipedia е интегрален дел од интернет културата речиси 20 години и на корисниците им овозможува да пребаруваат различни теми од своите компјутери, таблети или телефони. Сега овој популарен сајт доби освежување во форма на редизајн за да стане подостапна за новите и млади корисници, пишува The Verge.

Како најкорисна новина се истакнува тоа што корисниците сега можат полесно да преминуваат кон секции кои ги интересираат во рамките на некој текст, без скролање.

Освен тоа, Wikipedia доби и тестер за промена на јазикот во рамки на страницата која се чита и позиција за пребарување која би требало да го поедностави пребарувањето во рамки на страницата. Овде е и новото лого кое во иднина ќе зазема помало место на страницата.

Wikimedia Foundation најави дека промените ќе се случуваат во текот на подолг временски период и корисниците ќе можат да ги тестираат новите опции пред тие официјално да се промовираат. Промените на новите опции за десктоп би требало да привршат до крајот на 2021 година.

Фото: YouTube Printscreen