Wing ќе ги направи првите испораки со дрон во Австралија

26

Wing, една од компаниите на Google, доби дозвола за да испорачува со дронови во Австралија. Компанијата повеќе од една година ја тестираше својата услуга во Канбера без ниедна грешка, па австралиската Агенција за безбедност на цивилното воздухопловство (CASA) ги одобри летовите, пишува Euro news.

Дроновите ќе испорачуваат храна, пијалак и лекови директно до домовите на клиентите. CASA даде “зелено“ светло откако ја тестираше нивната безбедност, системот за управување со сообраќајот, одржување, обука за пилотирање и оперативните планови.

Сепак, за испораките ќе има одредени ограничувања: нема да биде дозволено оперирање пред седум часот наутро, ќе биде забрането летање над главни патишта и дроновите ќе мора да одржуваат пропишано, минимално растојание од пешаците.

За време на тест фазата едиствен проблем беше бучавата, па Wing мораше да направи потивки дронови.

Фото: Wing