Wishster – мобилна апликација за неодлучни купувачи

25

 

wishster

Фото: Facebook

Wishster е мобилна апликација којашто го подобрува шопинг искуството и овозможува брзо поврзување со пријателите, доколку корисникот не може сам да одлучи што да одбере, пишува Netokracija.

Корисникот, доколку е во некоја продавница или бутик и не може сам да одлучи да го купи производот, преку Wishster може да сподели фотографија и да ја испрати до неговиот пријател или блиска личност. Така, ќе може да ја донесе вистинската одлука дали да купи одредено парче облека, мебел, чевли… без физичко присуство на својот пријател.

“Корисникот преку апликацијата може да направи попис на производите што му се допаѓаат во продавниците и бутиците, а тие ќе бидат видливи за неговите пријатели. Доколку не може да донесе одлука при купување, веднаш може да добие повратна информација од неговите блиски“, вели Бранимир Баришиќ, менаџер на овој проект.

Апликацијата ја разви загрепската агенција Cinnamon, а во фазата на тестирање најголем интерес имаа млади девојки на возраст од 15 до 30 години.