Wizz Air ќе излегува на Лондонската берза

21

wizz airУнгарскиот авиопревозник Wizz Air планира оваа година да ги излиста своите акции на Лондонската берза. На тој начин компанијата планира да дојде до свеж капитал, јавува Sky News.

Нискобуџетната Wizz Air има 16 бази во земјите од источна Европа од кои лета кон 250 дестинации. Последните неколку години отвори бази во Чешка, Бугарија, Македонија, Романија, Литванија и Србија, но и понатаму најголем и главен пазар и е Полска.

Во 2011 година Wizz Air пренесе 11 милиони патници, а до 2020 година планира да го зголеми прометот на 25 милиони патници.