Wizz Air најави програма за млади пилоти

17

Нискобуџетната авио компанија Wizz Air го објави новиот пет годишен договор за партнерство со две реномирани организации за тренинг за обезбедување на обука за млади пилоти за потребите на својата компанија. Обуките ќе почнат во септември 2015, а во истата првично ќе бидат вклучени над 40 пилоти годишно. Обуките ќе се вршат според EASA регулацијата и ќе вклучуваат интегрирани обуки за ATPL, комбинирани со обуки за Airbus A320.

По јавното тендерирање и извршената евалуација, Wizz Air ги одбра CTC Aviation и Central European Flight Academy да ги организираат обуките. Младите пилоти ќе се обучуваат и ќе ги развиваат своите вештини кои се релевантни и фокусирани кон оперативните потреби на Wizz Air и за поддршка на забележителниот раст на компанијата со високо квалитетни и комплетно обучени копилоти со завршена обука. Оваа програма за обука ќе им овозможи на оние кои ќе ја завршат обуката директно да се вклучат како копилоти во компанијата, летајќи го авионот Airbus A320 на WIZZ-овите летови по завршување на целокупната обука. На копилотите им се нуди одлична шанса за кариерен развој и напредување до рангот – капетан, по поминување на потребен број на години и искуство во воздухопловството.

Wizz Air им гарантира работа (според стекнатото знаење) по успешно завршување на обуката, со што ќе им помогне на учесниците да ги обезбедат  потребните средства за финансирање на програмата. Ваков пристап ретко се среќава во авио индустријата и е израз на посветеност на компанијата во пронаоѓање на најквалитетни млади пилоти на пазарот.

“Персоналот е срцето на Wizz Air и ние сме среќни што можеме да понудиме шанса на една цела млада генерација на пилоти. Тие ќе станат дел од Wizz Air семејството и ќе ја уживаат таа неверојатна можност да бидат директно вработени како копилоти во нашата флота на Airbus A320 и A321 авионите со можност да напредуваат во кариерата и да станат капетани и дел од менаџментот. Ова е едно возбудливо поглавје во нашата историја и ние со нетрпение очекуваме да го пронајдеме нашиот нов иден талентиран авио екипаж“, рече Дејвид Морган, шеф на летање и главен пилот во Wizz Air.