Wizz Air планира да го освојува рускиот пазар

25

wizz airУнгарската нискобуџетна авиокомпанија Wizz Air ја разгледува можноста да отвори фирма ќерка во Русија, доколку добие поддршка од руските власти. Системот би бил сличен на Wizz Air Украина, но сето тоа е за во понатамошна перспектива, изјави генералниот директор на компанијата Јожеф Варади.

Варади вели дека го проучува рускиот пазар кој е одличен за лоу кост компаниите, но функционира по сопствени правила и сопствено законодавство. Засега авиопревозникот ќе се фокусира на летови меѓу Москва и Будимпешта, за што веќе има дозвола од руските власти, а првиот лет е планиран за 23 септември.

Билетите за овој лет се пуштени во продажба пред една недела, а минималната цена за лет во еден правец е 40 евра.

Wizz Air планира да отвори летови од Будимпешта до Санкт Петербург и од Киев до Москва.