Wizz Air воведува нов лет Охрид – Лондон

3

wizzair

Нискобуџетната авиокомпанија Wizz најави воведување нова линија на охридскиот аеродром. Новата услуга до аеродромот Лутон во Лондон ќе започне на 14-ти јуни со два нови лета неделно, кои ќе се спроведуваат во среда и недела.

Wizz Air во јануари најави нови летови од вториот македонски аеродром, кои ќе започнат на први јули со лет до Базел Мулхаус – Фрајбург. Со новата услуга Охрид – Лондон Лутон, Wizz Air во моментов нуди вкупно 21 линија до девет земји од двата македонски аеродроми, Скопје и Охрид.                              

“Денеска на наше задоволство го објавуваме новиот лет од аеродромот во Охрид. Пред помалку од два месеци ја објавивме нашата прва рута од Охрид кон Базел Мулхаус Фрајбург, а денеска додаваме и втора рута до Лондон Лутон во Велика Британија. Се надеваме дека нашите рути од Охрид кои ќе стартуваат ова лето ќе бидат добро прифатени од страна на потрошувачите, што би ни овозможило да воведеме нови евтини летови од Македонија“, изјави Ѓорѓу Абран, главен комерцијален директор на Wizz Air.