Wollsdorf ќе произведува авионски седишта во Хрватска

43

sedistaХрватска би можела да почне да произведува седишта за џамбо џетови и останати авиони. Претставници на австриската компанија Wollsdorf веќе неколку месеци го испитуваат теренот за инвестирање во подрачјето на Вараждин, пишува Јутарњи лист.

Инвестицијата на Wollsdorf би тежела 6,5 милиони евра, а во првата фаза би се вработиле 300 работници.

Освен во Хрватска, Австријците ја разгледувале можноста за инвестирање во Унгарија, Словачка, Романија и други земји во опкружувањето, па дури и во Кина. На крајот, како што пишува Јутарњи, сепак се одлучиле за Хрватска и од Агенцијата за инвестиции и конкурентност побарале да им препорачаат локација на која би можеле да градат фабрика.