WSJ: Кина може повторно да ги преплави странските пазари со евтини стоки

Кина го удвојува извозот за да го заживее економскиот раст и светот може да доживее нов „кинески шок“ кога пазарите се преплавени со евтини стоки од земјата, пишува Wall Street Journal (WSJ).

Кинеските фирми се поддржани со евтини државни заеми, а фабриките произведуваат повеќе автомобили, машини и електроника за широка потрошувачка отколку што може да апсорбира локалниот пазар.

WSJ потсетува дека кон крајот на 90-тите години на минатиот век, Соединетите Американски Држави и светската економија доживеаја „кинески шок“, односно рекорден увоз на кинески стоки по поволни цени за потрошувачите.