X Suit – костум отпорен на течности, туткање и спречува појава на непријатни мириси

19

x-suit

Фото: Facebook

Американскиот моден бренд XYZ Group создаде мултифункционален машки костум. Станува збор за X Suit којшто целосно се прилагодува на телото на корисникот, материјалот е целосно отпорен на течности и туткање, а исто така спречува и појава на непријатни мириси.

Во внатрешноста на костумот има 12 различни џебови и еден специјално затворен џеб во којшто може да се чуваат вредни предмети. Оној што го носи, може да ги извршува сите активности во текот на денот без никаков проблем поради удобноста и прилагодливоста на материјалот.

X Suit е поставен на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, од каде што бара поддршка од 50.000 долари. На два дена пред истекот на кампањата, успеа да собере над 303.073 долари финансиски средства.