X3M LABS прогласена за National Public Champion на Република Македонија 2015/2016 на European Business Awards

19

x3mlabs-logo-fb

На European Business Awards, после долга и успешна гласачка кампања низ целата Европа се генерираа 160.000 гласови за компаниите, односно избраните Национални Шампиони.

Македонската компанија X3M Labs беше изгласана од гласачите од цела Европа како најдобар бизнис од Република Македонија од кандидатите од сите приложени National Champions, односно победници во соодветните категории, при што се именува во National Public Champion (Национален јавен победник) на Република Македонија 2015/2016.

European Business Awards, нивниот главен спонзор RSM, како и останатите спонзори UKTI, ELITE и PR Newswire, со задоволство испратија честитки и поттикнување за тимот на X3M Labs да продолжи во понатамошниот циклус заедно со сите победници од другите земји кои ќе продолжат чекор по чекор кон второ гласање за European Public Champion, коешто започна на 7 март и ќе трае до 26 април. Резултатите од гласањето ќе бидат објавени на свечен настан што ќе се одржи на 17 јуни во Милано, Италија.

Гласањето за National Public Champion беше јавно и временски ограничено. После истекувањето на гласањето, X3M LABS победи по добивањето на најголем број на гласови од компаниите во Република Македонија. Националните јавни шампиони од европските земји беа објавени на 7 март 2016 од 32 земји низ Европа.

За X3M LABS можете да гласате во овој циклус за European Public Champion на линкот:

http://www.businessawardseurope.com/vote/detail-new/former-yugoslav-republic-of-macedonia/17052

European Business Awards претставува:

– независна програма за награди, спонзорирана од RSM, со цел да се направи презентација и презентирање на квалитетни и најдобри иновативни компании на ниво на Европската бизнис заедница;

– ги поврзува најдобрите европски бизниси, без разлика на големината на бизнисот и од која земја доаѓа, дава награди на најдобрите, најиновативните.

X3M Labs е основана во 2008 и има два поглавни бизнис концепти во ИТ. Првиот е изработка на сопствени платформи и производи како софтверски решенија, медицински софтвер, web-платформи и cross-platform видео игри, а вториот е сервис enterprise cross-platform решенија. Компанијата речиси целосно функционира за интернационалниот, односно западниот пазар, САД, Канада, Германија, Велика Британија, Холандија, независно дали со продажба на продуктите или сервисите, иако е лоцирана во Македонија.

X3M Labs Research & Development тимот по иницијатива и концепт на основачот Пеце Ангелковски изработува нов тип или покатегорија на Пребарувач по значењето на зборовите независно од нивната пишана форма, дијалект, сленг, при што за корисникот се рендерираат универзални резултати со иновативен интерфејс. Овој продукт или платформа ќе биде и за македонскиот јазик и треба да ја поттикне македонската бизнис и ИТ заедница.