XD, првиот хрватски електричен автомобил оди во сериско производство

84

DOK-ING XD Concept 1XD Concept, првиот хрватски автомобил на струја, подготвен е за сериско производство, најави сопственикот на компанијата Док – Инг, Вјекослав Мајетиќ.

“Многу брзо, уште во текот на следниот месец, нашиот автомобил на струја би требало да биде подготвен за сериско производство”, изјави Мајетиќ за Лидер.

Електричниот автомобил XD пред јавноста беше претставен на почетокот на 2010 година, во Женева. Дизајниран е со три седишта. Возачот е сместен напред, на средина на кабината, а патниците од страна зад него. Таблата со инструменти е составена од три прегледни и лесно пристапни екрани чувствителни на допир. Со забрзување 6,6 секунди од 0 до 100 km/h, може да се споредува со автомобили со спортски особини, додека максималната брзина која електронски е ограничена на теоретски 130 km/h, ги задоволува барањата за безбедност во сообраќајот.

Со едно полнење на литиумско-железно-фосфатната батерија може да се поминат 250 километри. Полнењето на празна батерија трае околу осум часа, а дополнување со 20% до 30% капацитет трае само три до четири часа. Батериите се многу издржливи и гарантираат оперативност најмалку 150.000 километри.

Истовремено, оваа хрватска компанија работи и на други проекти. Годинава почнува производство на машини за дупчење во рудници за платина и хром. Веќе се испратени три прототипа на тестирање во јужноафриканските рудници и по завршувањето на тестовите, во јуни ќе почне сериското производство.

XD 2