Xiaomi е најпродаваниот телефон во Европа

133

За првпат, Xiaomi е најпродаваниот телефон во Европа. Кинескиот гигант Xiaomi продолжува да расте и во производството и во продажбата. Тие неодамна го престигнаа Apple и станаа втор најпродаван во светот, а сега се најпродавани во Европа, за прв пат.

Strategy Analytics објави дека го престигнале Samsung во вториот квартал и продале 12,7 милиони мобилни телефони во Европа во вториот квартал. Тоа е скок од 67,1%.

Samsung падна за 7% и продаде 12 милиони, па Xiaomi сега е пред него. Apple исто така порасна за 12,7%, најмногу благодарение на iPhone 12. Xiaomi е најпродаван во Русија, Украина, Шпанија и Италија.

Фото: Pixabay