Xiaomi ги тужи Пентагон и Министерството за финансии на САД

39

Кинеската корпорација Xiaomi ги тужи американски Пентагон и Министерството за финансии за ставање на компанијата на црната листа на компании кои наводно се поврзани со кинеската армија.

Кинескиот производител на паметни телефони поднесе тужба во судот во Вашингтон наведувајќи дека ставањето на компанијата на црната листа е неуставно и побара да се поништи одлуката донесена во последните денови од администрацијата на Доналд Трамп.

Xiaomi во тужбата наведува дека компанијата ќе се соочи со тешки последици доколку остане на американската црна листа, пренесува Bloomberg.

“Xiaomi не е во сопственост или под контрола на кинеската влада или војска, ниту на кој било субјект поврзан со кинеската воена индустрија“, се вели во соопштението на компанијата.

Xiaomi, третата по големина компанија за малопродажба на паметни телефони забележа 32% раст на продажбата во четвртиот квартал на 2020 година.

Фото: Freepik