
Xiaomi силно влезе на пазарот на автомобили, а неговиот прв модел, електричниот SU7, е многу баран и покрај тоа што има неколку проблеми.
Поради ова, кинеската компанија објави дека планира да испорача 100.000 примероци од SU7 во 2024 година, но големата побарувачка ги натера да го сменат планот.
Сега Xiaomi има намера да испорача најмалку 10.000 автомобили од јуни, со крајна цел вкупно 120.000 возила да стигнат до нивните сопственици до крајот на оваа година.
Привлечноста на SU7 е очигледна – заклучно со 30 април, Xiaomi доби 88.063 нарачки, при што испораките овој месец достигнаа 7.058 единици од SU7. Исто така, овој месец компанијата го одбележа јубилејот од 10.000 испорачани автомобили и се пофали со растот на уделот на пазарот на ЕВ.
За да ја задоволи побарувачката, Xiaomi го забрзува производството – почнуваат од јуни со двојни смени, што ќе го зголеми месечниот производствен капацитет на речиси 20.000 автомобили.
Популарноста на SU7 не е изненадување, со оглед на неговата цена и спецификации.
Достапен е во три верзии, стандардната која чини 27.800 евра, Pro која чини 32.100 евра и Max чија цена е 39.000 евра. Испораките на стандардните и Max верзии започнаа во април, додека верзијата Pro почна да пристигнува на почетокот на мај.











