Yahoo! планира да се здружи со Facebook?

48

Според весникот Sunday Telegraph, Мариса Маер, извршниот дирекот на Yahoo! и Шерил Сандберг, главниот раководител на Фејсбук, разговарале за тоа како двете компании би можеле да соработуваат повеќе.

Двата интернет гиганти веќе имаат соработувано на неколку помали проекти. Како и да е, членовите на извршните одбори очекуваат овие преговори да доведат до многу поголема соработка, на основа на интернет пребарувањето.

Facebook веќе најави дека сака да ја прошири својата мрежа на пребарување.
Доколку дојде до сојуз со Yahoo! социјалната мрежа ќе може многу да напредне во однос на интернет пребарувањето. Секако Facebook повторно ќе биде најмногу насочен кон своите корисници и ќе им помага да дојдат до саканата информација многу побрзо.

Од друга страна пак, Yahoo! би профитирал од огромната армија на Facebook корисниците, која брои повеќе од една милијарда. Сојузот помеѓу Facebook и Yahoo! би претставувал огромна закана за Google и би ја променил целата хиерархија на најголемите светски компании во технологијата.

Google не е едиствената ИТ компанија која би била загрозена доколку се здружат Facebook и Yahoo! Врската помеѓу Yahoo! и Microsoft исто така би можела да се разниша. Двете компании потпишаа договор во 2009, со кој пребарувачот Bing на Microsoft ги вклучи сите пребарувања на Yahoo!, овозможувајќи му да се фокусира само на пребарувањата поврзани со продажба и рекламирање.

Моментално Google доминира на пазарот со околу 66% удел. Bing има мал придонес во тој процент со 16% од сите пребарувања преку него.

Портпаролот на Yahoo! не бил достапен за коментар.