Yahoo заминува од Швајцарија

46

Американскиот интернет гигант Yahoo и официјално потврди дека ќе ја затвори филијалата во Швајцарија и активностите ќе ги пресели ви канцелариите во Лондон и Даблин. Според зборовите на директорот за комуникации во Европа, Блискиот Исток и Африка, Џудит Стерл, Yahoo ќе ги затвори канцелариите во Рол на почетокот на 2014 година.

“Тоа ќе ни овозможи да ја сконцентрираме енергијата на неколку места”, изјави Стерл, пренесува The Local.

Преселбата ќе се одвива следните неколку месеци. Во филијатата на Yahoo во Швајцарија има 30 вработени.