YANA собира средства за означување патека на Водно и освежување на две градинки

47

yana

YANA (You are not alone) е иницијатива формирана од SWTA Македонија и Младинскиот совет при Американската Амбасада во Скопје која има за цел да го поттикне волонтеризмот во Македонија, но и компаниите да бидат општествено одговорни преку грижата кон заедницата и животната средина. За таа цел, на 14 септември YANA ќе го одбележи 9/11 денот на сеќавање и служба, преку проектите Дајте им боја на спомените и Означи го Водно.

Дајте им боја на спомените! е проект со кој ќе се бојадисуваат ѕидовите во градинките, ќе се заменуваат оградите, ќе се поправаат клупите и ќе им се подарат едукативни играчки на најмалите. На 13 септември, YANA заедно со сите волонтери кои ќе се пријават од цела Македонија, ќе го расчистуваат дворот во градинката Ганча Туфа во Крушево и ќе се постават нови клупи, а во Наша иднина – Прилеп ќе се реновира и бојадисува оградата.

vodno

Вториот проект на YANA, Означи го Водно ќе се реализира на 14 септември. Собраните средства ќе се користат за да се купат потребните материјали за да се означи патеката на Водно од населба Пржино до Милениумскиот Крст преку Марково Крувче.

Целта на двата проекти е да се соберат 30.000 денари. За да можат овие проекти да бидат реализирани, потребно е сите Вие да вложите во некој од нив, а за возврат секој вложувач ќе добие соодветна награда.

Двата проекта се ставени на letsfundit.mk, првата платформа за групно вложување во Македонија. Вложувањето може да се направи на следните линкови:

За градинките: https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/1148
За Водно: https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/1150