Во австралискиот град Мелбурн наскоро ќе почне да се гради таканаречената Tesla населба – YarraBend, пишува Inhabitat.
Населбата, што ќе се протега на површина од 16 хектари, го доби името според истоимената река што тече во областа каде што ќе бидат сместени еколошките домови. Секоја куќа ќе има сончев покрив и вграден Tesla Powerwall систем, па се очекува сончевите панели да генерираат вишок електрична енергија, па жителите ќе можат да ги полнат своите електрични автомобили.
Првите 60 домови ќе бидат пуштени во продажба оваа недела, а цените ќе се движат од 1,48 до 2,1 милион долари.
Проектот, којшто е дело на компанијата Glenvill, се одликува со широк спектар на еко – карактеристики. Покрај тоа што домовите ќе генерираат и складираат сончева енергија, жителите ќе можат да си ги полнат своите електрични автомобили на станиците изградени за таа намена и ќе имаат на располагање енергетско ефикасни светилки и разни апарати.
Договорите за новите станови се очекува да бидат потпишани во август, а жителите според планот треба да почнат да се населуваат во YarraBend кон крајот на 2017 година.