Yazbee – нова социјална мрежа од Турција

36

Турција го добива Yazbee, локална социјална мрежа, зад којашто стојат турски претприемачи и инженери, пишува Хуријет.

Според Ариф Унвер, основач на апликацијата, компанијата има капацитет да вработи 500 лица и да стане глобален бренд. Целта е Yazbee да достигне 30 милиони корисници следната година.

Оваа социјална мрежа им дава можност на корисниците да следат индивидуалци или одредени теми. Идентификувани се 24 секции, како што се вести, спорт, политика, кариера, технологија, хумор…

Во Турција во овој момент има 50 милиони корисници на социјални мрежи.

Фото: Pixabay