Yellow king – жолта малина чија цена достигнува 2,5 евра за килограм

121

Фото: Pexels

Садниците со жолтата малина стануваат сè поактуелни на српскиот пазар, а достигнува цена од 2,5 евра за килограм, пишува Екапија.

“Жолтата малина, Yellow king, е двородна сорта на малини, има средно големи плодови и во пониските делови од Србија зрее околу 15-ти јули, а во повисоките околу 25-ти јули. Плодовите се погодни за продажба во свежа состојба на домашниот пазар и може да се користат за замрзнување. Она што ги прави да бидат различни од останатите видови на малини е нешто повисоката цена, а помали трошоци за производство. Бербата трае два до три месеци“, вели Никола Радовановиќ, сопственик на компанијата Флорива.

Според него, овој вид на малина е отпорен на различни болести, а се препорачува да се сади до 1.000 метри надморска висина.