Yoomloo – прва социјална мрежа за потрошувачи

21

YoomlooЗа разлика од другите социјални мрежи чиј фокус е онлајн комуникација со пријатели, Yoomloo мрежата ги поврзува потрошувачите и нивните омилени брендови.

Корисниците на мрежата имаат можност да оценуваат производи, настани и луѓе и да бараат и креираат препораки за купување на одредени производи или услуги.

“Нашата цел е да докажеме дека и малата Хрватска може да произведе глобално активен проект кој им пружа јасен бенефит на своите корисници и има општествено корисна, хуманитарна компонента. Хуманитарната компонента на Yoomloo мрежата се уште е во подготовка, но тоа е нашиот императив, да биде што поскоро активна, затоа што сметаме дека ќе донесе потполно нови можности во хуманитарниот ангажман на заедницата и поединците”, вели Маријана Месиќ, директор на Yoomloo Хрватска.

Yoomloo мрежата (www.yoomloo.com) е хрватски производ со тенденција за глобално ширење.