YouTube го отежнува рекламирањето на алкохол, коцкање, политика и лекови на рецепт

43

YouTube од рекламниот простор на својата почетна страница ги забранува рекламите што се однесуваат на алкохол, коцкање, политика и лекови на рецепт.

Корисниците на YouTube веќе нема да гледаат реклами од казина или политички кандидати, но тие и понатаму ќе може да се најдат на други места, но овој пат компанијата повнимателно ќе го оценува.

“Со помош на рекламите на masthead на YouTube ќе може да се претстави некој бренд, производ или услуга во форма на видео реклама што се прикажува на почетната страница на сите уреди“, велат од компанијата и истакнуваат дека ваквиот вид на реклами е идеален за корисниците.

Google на крајот на минатата година им овозможи на корисниците да го ограничат бројот на реклами поврзани со алкохол и коцкање што се гледаат на YouTube и ги паузираше сите изборни реклами по затворање на гласачките места во САД и по нападот на Капитол во јануари.

Фото: Pexels