Yves Rocher ги затвора сите продавници во Германија, Австрија и Швајцарија

45

Yves Rocher планира да ги затвори сите свои продавници во Германија, Австрија и Швајцарија во следните неколку месеци.

Познатиот француски бренд на природна козметика, основана во Ла Гацили во 1965 година од францускиот визионер Ив Рошер, ја објави веста за затворањето во четвртокот во Штутгарт, каде што се наоѓа седиштето на малопродажниот синџир за Германија, пренесува „Феникс“.

Yves Rocher ќе продолжи со онлајн продажбата, но стотици вработени се погодени од затворањето на продавниците.

„Со постоечкиот бизнис модел, Yves Rocher повеќе не може да работи одржливо и успешно. Продавниците ќе бидат постепено затворени во наредните месеци“, соопштија од продажното седиште за германското говорно подрачје во Штутгарт-Вајхинген.

Според претходните информации, компанијата има околу 140 филијали во земјите од германско говорно подрачје. Затворањето на филијалата ќе погоди 350 вработени, се вели во соопштението од трговскиот синџир.