До крајот на 2030 година, една третина од вкупниот број на продадени нови автомобили во светот ќе бидат електрични, покажува истражувањето на консултантската фирма Deloitte.
Во истражувањето под име Електрични возила: поставување насоки за 2030 година, се наведува дека оваа деценија бројот на електрични возила во една година ќе достигне 31,1 милион во светот, што е 10 милиони повеќе од она што е предвидено за една година претходно.
И покрај пандемијата предизвикана од Ковид-19, се очекува вкупната продажба на електрични возила оваа година да достигне 2,5 милиони ширум светот. Се оценува дека продажбата на електрични возила во 2025 година ќе достигне 11,2 милиони, а 31,1 милион до 2030 година.
Фото: Freepik