Германските трговци се соочуваат со голем број рестриктивни мерки поради пандемијата, па последниот карантин од 100 дена им создаде многу проблеми, а некои ги доведе и до работ на егзистенција.
Продавниците од 16-ти декември, кога беше воведена забраната, изгубиле меѓу 35 и 40 милијарди евра, проценуваат од германското здружение на трговци.
Новото продолжување на мерките до 18-ти април, како што се оценува, носи дневни загуби од околу 700 милиони евра.
Околу 120.000 продавници се пред стечај.
Фото: Pexels