Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, во Република Северна Македонија биле платени даноци за животната средина во износ од 12,760 милиони денари, што е за 12,6% повеќе отколку во 2017 година.
Најголем пораст бележат даноците за енергенти во секторите Рударство и вадење на камен и Градежништво. Ваквото зголемување е резултат на зголемените акцизи на горивата. Во 2018 година, најголемо учество во даноците за животната средина имаат даноците за енергенти со 66,5%, по што следат даноците за транспорт со 32,6% и даноците за загадување со 0,9%.
Учеството на даноците за животна средина во бруто домашниот производ во 2018 година е 1,9% и е непроменето во однос на 2017 година.
Фото: Pexels