За 22% скок на продажбата на шампањ

18

По една од најтешките години за производителите на шампањ, се чини дека љубителите на вино се подготвени да слават со посебно пенливо вино. Иако крајот на пандемијата не е ни близу, сепак некои земји можат да сметаат на тоа дека претстојното лето ќе биде полесно од минатото и ќе има најразлични поводи за средби и славења со шише шампањ.

Брендот Moet Hennessy, гигант меѓу производителите на шампањ којшто во своето портфолио ги има Moet & Chandon, Dom Perignon, Ruinart и Vueve Clicquot, имаат раст од 22% во првиот квартал од оваа година во однос на 2020-та. Менаџерите на брендот веруваат дека глобалната кампања на вакцинирање ќе овозможи брзо враќање во нормала.

“Минатата година ја одбележаа вртоглави подеми и падови“, вели Ен Софи Сток, потпретседател за шампањ во Moet Hennessy.

Но, потоа следуваше период кога потрошувачите имаа повеќе пари на располагање, бидејќи не излегуваа во ресторани и барови, ниту патуваа. Тоа, покрај експлозивниот раст на онлајн продажбата и желбата да се долови атмосферата од рестораните во домот, целосно ја промени продажната структура на шампањот.

Фото: Pexels