За 319% го зголемија извозот на малини во 2020 година

63

Светски лидер во извоз на малини е Мексико, којшто минатата година го зголеми извозот за 319,48% во однос на една година претходно и заработи 1,76 милијарди долари, покажуваат податоците на Tridge.

Втор најголем извозник на малини во светот е Шпанија со инкасирани 515,6 милиони долари или 0,98% помалку одошто во 2019 година. На трето место се најдоа САД со извезени малини во вредност од 346,72 милиони долари, односно 2,5% помалку во 2020 година.

Меѓу 10-те најголеми извозници на малини лани беа и: Мароко (301 милион долари), Португалија (234,4 милиони долари), Холандија (210,9 милиони долари), Германија (42,92 милиони долари), Белгија (42,2 милиони долари), Полска (28,2 милиони долари) и Јужна Африка (17,2 милиони долари).

Фото: Freepik