За 3,4% намалени цените на индустриските производи на странските пазари

38

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,1% на месечно ниво, а за 3,4% на годишно ниво.

Во јануари 2014, во споредба со декември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Преработувачка индустрија за 0,1%.

Во јануари 2014, во споредба со јануари 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 7,3%, а во секторот Преработувачка индустрија за 3%.